Свет
23. September 2016 - 21:38

Еро: Сириската Влада и нејзините приврзаници сакаат да ја поделат земјата

Најновото бомбардирање на Алепо покажа дека цел на сириската Влада и нејзините приврзаници е да ја поделат земјата, изјави во Обединетите нации шефот на француската дипломатија Жан-Марк Еро.

- Бомбрадирањето во последните неколку часови во Алепо покажува дејка режимот игра на картата на поделба на земјата и нивните приврзаници тоа им го дозволуваат, изјави тој.

Во ѓестокото бомбардирање на деловите на Алепо кои се под контрола на бунтовниците, утрово се убиени повеќе од 70 луѓе, а повеќе од 40 куќи се уништени.