Ердоган во историска посета на Грција
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе доптаува во дводневна историска посета на Грција, чија цел е да се забрза подобрувањето на односите меѓу двете земји, кои се оптоварени со повеќе спорови.
За време на оваа прва посета на еден турски претседател на Атина по 1952 година, Ердоган ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас, по што ќе отпатува во Западна Тракија, каде ќе има средби со претставници на локалните жители, кои за Грција се „муслиманско“, а за Турција „турско малцинство“.
Се очекува главни теми на разговорите на Ердоган со неговите грчки домаќини да бидат мигрантската криза, регионалните односи, енергетиката, како и кипарскиот проблем.
Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калан вчера изјави дека Анкара се надева оти посетата ќе придонесе за развоиј и зајакнување на билатералните односи.
Главни спорови во односите меѓу Атина и Анкара и натаму е линијата на разграничување во Егерјското Море, проблемот на поделениот Кипар и правата на муслманите во Тракија, а од минатата година и барањето на Турција за екстрадиција на осуммината турски воени офицери, кои побегнаа во Грција по ланскиот обид за воен удар.
Во пресрет на пристигнувањето на Ердоган, во Грција се воведени засилени безбедносни мерки, а властите забранија и одржување на секакви собири во центарот на Атина.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас