Ердоган: Турција од одбрана премина во напад
„Куршумите им завршија, сега е редот на нас“ - под овој наслов турскиот весник „Акшам“ ја цитира изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ердоган изјави дека Турција истовремено води борба на неколку фронта - против тероризмот, во економијата и со прекуграничните операции.
- Повеќе не им останаа куршуми. Сега е редот на нас, преминуваме од одбрана во напад. Принципиелно ќе ја прошириме борбата: кој не е со Турција, тој е против неа, истакна Ердоган.
Изјавата на Ердоган е главна тема утринава во весникот „Витан“.
- Нема да му дозволиме на никого да дојде во нашата земја и да не бои со терор, со економија. Каде и да е изворот на заканата решени сме да одиме таму и да ја „обезглавени змијата“, наведе турскиот претседател на средба со претставници на локалните власти во претседателската палата.
Весникот „Јени шафак“ во изјавата на Ердоган ги бара „шифрите на новиот период“ што треба да почне во Турција.
- Не можеа да ја разделат земјата врз етничка или секташка основа. Не можеа да ја распарчат преку терористички организации. Не можеа да ја пропаднат преку економијата. Повеќе не им останаа куршуми да пукат. Сега е редот на нас. Турција престана да се брани и премина во напад, ги цитира весникот зборовите на турскиот претседател.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та