-->
-->
Ердоган: Турција брзо се движи кон нови избори
-->
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека земјата брзо се движи кон одржување на вонредни избори, бидејќи обидите да се формира влада беа неуспешни.
- Повторно одиме кон избори, истакна Ердоган во телевизиско обраќање, додавајќи дека „единствено решение за излез од политичкиот застој е вртење кон волјата на народот“.
Тој денеска ќе го консултира Парламентот за формирање на владата.
Партијата на правдата и развојот на изборите кои се одржаа на 7 јуни првпат од 2002 година го губи мнозинството, поради што беше принудена да бара коалициски партнер за состав на влада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка