Свет
7. December 2017 - 17:10

Ердоган побара од Грција да ги екстрадира осомничените за воениот преврат

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска побара од Грција екстрадиција на осомничените учесници во обидот за државен удар во Турција. Станува збор за осуммината војници кои избегаа во северна Грција за време на минатогодишниот неуспешен преврат.

За заедниќката прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Ердоган, исто така, повика на подобрување на состојбата на етничките Турци кои живеат во Грција