Македонија
24. October 2017 - 13:38

Ердоган: Операцијата на турската армија во Идлиб е во најголема мерка завршена

 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека воената операција на турската армија во сириската област Идлиб е во најголема мерка завршена.

Турција испрати сили во Идлиб, кој треба да биде една од зоните на де-ескалација, во кои треба да се обезбеди заштита на цивилното население и да се намали интензитетот на судирите на завојуваните страни. Договорот за овие зони беше постигнат меѓу Турција, Русија и Иран.

Ердоган, сепак, предупреди дека безбедносната состојба во северна Сирија е нарушена од дејството на курдските единици во регионот Африн, на границата меѓу Сирија и Турција, северно од Идлиб.