-->
-->
Ердоган најави офанзива и врз Манбиџ
-->
Турција планира „да го исчисти од терористи“ градот Манбиџ, како и реоните лоцирани источно од реката Еуфрат во Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- Првично Турција ќе ја исчисти околината на градот Манбиџ, а потоа реоните источно од реката Еуфрат. Анкара нема да застане додека не обезбеди сигурност за Турција и жителите на Сирија, посочи Ердоган.
Според него турската армија досега „елиминира 1.873 терористи и ослободија 415 километри квадратни во северна Сирија.
На 20 јануари турската армија презеде офанзива Маслиново гранче насочена пред се против сириските курдски Сили за заштита на народот во реонот на градот Африн, северна Сирија.
Манбиџ се наоѓа на околу 100 километри од енклавата Африн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари