Балкан
25. May 2017 - 21:55

Ердоган и челниците на ЕУ разговараа за договорот за бегалците

Спроведувањето на договорот за бегалците меѓу Турција и ЕУ беше една од главните теми на денешната средба на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со првите луѓе на Европскиот совет и на Европската Комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер во Брисел.   

Како што јави ТАСС, на средбата, одржна во пресрет на Самитот на НАТО во Брисел, Ердоган и челниците на Унијата ја истакнале неопходноста од активирање на соработката во имплементацијата на договорот за бегалците, која, според Анкара, не е доволно ефикасна. 

Според извори во Брисел, на иницијатива на Ердоган на средбата станало збор и за заедничката борба против тероризмот и за неопходноста од решавањето на кипарскиот проблем.

За време на денешниот престој во Брисел, Ердоган имаше средба и со новиот француски претседател Емануел Макрон, при што било договорено вложување напори за зголемување на билатералната трговска размена до 20 милијарди долари.

Во раговорите Маркон ја нагласил и потребата од давање нов импулс на односите меѓу ЕУ и Анкара и се заложил за ослобоување на францускиот новинар Матијас Делардон, кој пред две недели беше уапсен во Турција.