Ердоган го прогласи 15 јули за Ден во спомен на жртвите од пучот
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека 15 јули, денот кога беше извршен обид за воен удар, ќе се одбележува како Ден во спомен на жртвите на неуспешниот пуч, јави приватната телевизија НТВ.
- Во 81 окрузи 79 милиони граѓани продолжуваат да се спротивставуваат на најпредавничкиот и најподлиот обид за воен удар во нашата историја, извршен на 15 јули. Сакам да споделам со вас, дека 15 јули го прогласивме за Ден во спомен на жртвите, кој ќе се чевствува секоја година, посочи Ергоган.
Тој додаде дека во операцијата преземена по обидот за пуч досега се приведени 10.400 луѓе, а во затвор остануваат 4.060 лица.
- Владата и безбедносните сили продолжуваат со решителност и успех во своите акции. Турскиот народ треба да има уште малку трпение и уште малку пожртвуваност, наведе Ердоган.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање