Балкан
13. December 2017 - 11:17

Ердоган ги повика земјите да го признаат Ерусалим за престолнина на Палестина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика сите земји да го признаат Ерусалим за престолнина на Палестина, јави турската телевизија НТВ.

- Ерусалим е нашата црвена линија. Израел е окупаторска и терористичка држава, изјави Ердоган пред учесниците на вонредната средба на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, посветена на прашањето за Ерусалим.

Тој додаде дека израелската Влада ги малтретирала беспомошните луѓе, притоа покажувајќи фотографија на која се гледа палестинско момче со затворени очи, опкружено со израелски војници.

Турскиот претседател ги повика САД да се откажат од „незаконското и провокативно решение“ за Ерусалим и рече дека решението на САД ги наградува „терористичките активности“ на Израел.