„Ер Франс“ формира своја авиокомпанија за евтини летови
Француската авионска компанија „Ер Франс“ денеска соопшти дека ќе формира своја нова филијала за евтини летови под името „Жон“, но висината на цените на билетите и понудените линии ќе бидат објавени во септември, јави дописникот на МИА од Париз.
Летовите на средни дестинации ќе се извршуваат од парискиот аеродорм „Шарл де Гол“ почнувајќи од септември, додека летовите на подолги дистанци ќе бидат воведени од летото 2018 година.
Новата филијала ќе ја раководи Жан-Мишел Матјо, кој исто така станува член на Извршниот одбор на „Ер Франс“.
- „Жон“ е нова етапа во развојот на стратешкиот план „Траст Тугедер“ и нејзиното формирање треба да ги намали трошоците и да ја зголеми рентабилноста на групацијата „Ер Франс“, информира генералниот директор на францускиот авиопревозник Франк Тернер.
Филијалата ќе треба да му овозможи на „Ер Франс“ да се соочи со конкуренцијата на нискотарифните авиокомпании од Персискиот Залив. Меѓутоа, „Жон“ нема да биде нискобуџетна авикомпанија, бидејќи ќе ги извршува услугите во согласност со стандардите на „Ер Франс“.
Новата компанија има за цел да ги привлече младите на возраст од 18 дп 35 години и во групацијата „Ер-Франс-КЛМ“, „Жон“ ќе биде „помалата сестра која ќе треба да ги привлече клиентите за потоа да патуваат со постарите сестри“, се вели во соопштението на „Ер Франс“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово