Епидемиите на мали сипаници се се почести во Европа поради невакцинирање
Кликс - Сараево
Помалиот обем на вакцинирање против мали сипаници доведе до избивање на неколку епидемии на оваа високо заразна болест во Европа во последните години, а погодени се и поголемите деца, соопштија здравствените работници.
Во првите месеци во 2017 година, над 1.500 случаи на мали сипаници регистрирани се во 14 европски земји поради „акумулација на невакцинирани поединци” – соопштено е од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).
Во десет земји – Австрија, Белгија, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Полска, Романија, Шпанија и Шведска, бројот на регистрираните случаи во јануари и февруари оваа година е речиси двојно поголем од истиот период во 2016 година.
„Неприфатливо е да слушаме за тоа дека деца и возрасни умираат од болести против кои постојат безбедни и пристапни вакцини” – рече Витенис Андриукаитис, здравствен комесар во ЕУ. Вирусот на мали сипаници е многу заразен, а се шири преку директен контакт и преку воздухот. Заштита може да се стекне со безбедна и ефикасна вакцина, но поради „дупките” во имунизацијата на децата овој вирус и понатаму е еден од најчестите причинители на смрт меѓу децата ширум светот.
Според податоците на Светската здравствена организација, во 2015 година од мали сипаници умреле 134.000 луѓе.
Од 1 март 2016 година до 28 февруари 2017 година во Европа се регистрирани 5.881 случаи на мали сипаници, од кои 46 отсто во Романија, 24 отсто во Италија и 9 отсто во Британија. Во текот на 2015 година околу третина заболени биле лица постари од 20 години.
„Затворањето на имунизациските дупки меѓу адолесцентите и возрасните кои не примиле вакцина како и јакнењето на рутината во програмите за имунизација на децата ќе биде од витално значење за спречување на епидемии во иднина” – се наведува во соопштението на ECDC.
Многу возрасни луѓе не знаат дека и самите можат да се разболат од овој вирус и погрешно веруваат дека од него можат да се заразат само бебиња и деца на училишна возраст.
Според најновите податоди, процентот на вакцинирани со втора доза против мали сипаници е помал од 95 отсто во 15 од 23 држави во ЕУ и Европското економско подрачје.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња