ЕПИ: Потребно натамошно унапредување на системот на социјална заштита
Системот за социјална заштита во Македонија не е во можност во целост да ја исполни примарната цел - да ги извлече луѓето од сиромаштија. Постои незадоволство од системот за социјална заштита кај корисниците на правата од оваа област, а дел од нив сметаат дека услугите се од низок квалитет, како и оти е потребна надградба на вештините на лицата кои ги даваат овие услуги, покажуваат резултатите од истражувањето што го спровела Институтот за европска политика (ЕПИ).
Истражувањето, како што беше посочено на денешниот завршен настан на кој беа презентирани резултатите и препораките кои произлегуваат од него, било фокусирано на ставовите, мислењата и перспективите на самите корисници на социјалната заштита за тоа колку ситемот ги задоволува нивните потреби, како живеат што им треба и како преживуваат...
- Од истражувањето извлековме низа препораки. Генерално потребно е да се зголеми сумата за социјална помош, да се потикне вработувањето на лицата со попреченост и на сите маргинализирани групи, да се поедностават постапките за добивање помош..., рече Елена Анчевска дел од истражувачкиот тим додавајќи дека е потребно и да се согледаат специфичните позиции на луѓето не само од еден основ.
Од ставовите и барањата на корисниците на правата од социјалната заштита произлегла и препорака за подобрување на процесот на идентификување на лицата што имаат потреба од социјална заштита, како и подобро насочување на политиките, а со тоа и мерките и помошта.
Се бараат и поголеми стимулативни мерки за образование како начин за излез од сиромаштијата, но и работа на подигнување на јавната свест за овие проблеми и намалување на стигматизацијата на лицата со попреченост, самохраните родители, жените жртви на насилство, бездомните лица...
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата