Ракомет
6. December 2016 - 23:14

ЕП - жени: Словенија го победи домаќинот Шведска

Репрезентациите на Србија и на Словенија постигнаа победи на дуелите од 2. коло од Европското првенство во ракомет за жени, што се игра во Шведска.

Србија вечерва во рамките на А групата ја победи Шпанија со 25:23 и со тоа ја постигна втората победа и обезбеди пласман во следната фаза, додека Словенија беше подобра од домаќинот Шведска со истиот резултат 25:23.

На дуелот во групата Б, Холандија беше поуспешна од Полска со 30:21, што за светскиот вицепрвак беше прва победа на Шампионатот.

На вториот дуел Франција ја победи Германија со 22:20.

Табела А група: Србија 4 бодови, Шведска 2, Словенија 2, Шпанија 0.

Табела Б група: Франција 4, Холандија 2, Франција 2, Полска 0.