Кошарка
26. January 2017 - 21:42

ЕП У_18: Македонија во група со домаќинот Естонија

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години ги доби противниците за Европското првенство У_18 Б дивизија, кое ова лето ќе се игра во Естонија.
Македонија се наоѓа во групата Д заедно со селекциите на домаќинот Естонија, Република Ирска, Данска, Белгија и Швајцарија.
На шампионатот во Талин, Естонија ќе играат 24 репрезентации, а двете првопласирани од секоја група ќе изборат место во четвртфиналето. Натпреварите ќе се играат од 28. јули до 6. Август.
Во исто време во Словачка ќе се игра и шампионатот за кошаркари до 18 години во А дивизијата.