Кошарка
30. July 2016 - 11:17

ЕП У-18: Ирска можност за поправен на младите кошаркари на Македонија

 Младата машка кошаркарска репрезентација на Македонија денеска ќе игра против Ирска, во рамките од 2.коло на Европското првенство за играчи до 18 години (Б дивизија) што се одржува во Скопје.  
 
Во натпреварот од А групата, црвено-жолтите попладнево во СЦ „Борис Трајковски’’ ќе играат против врсници од Ирска кои вчера загубија во дуелот против Кипар.
 
Во оваа група денеска ќе се играат и средбите: Бугарија – Полска (14:15 чаот) и Унгарија – Кипар (16:30 часот) . 
 
Дуелот Македонија – Ирска ќе започне од 18 часот и 45 минути.