Ракомет
15. January 2016 - 20:07

ЕП ракомет: Македонија поразена од Франција

Само десет минути му беа потребни на актуелниот европски шампион (воедно очлимписки и светски првак) Франција да го скрши отпорот на Македонија во мечот од 1.коло на ЕП во Полска.

 
иако црвено-жолтитер беа рамноправни се до 51-минута кога на семафорот резултатот гласеше 22:22, сепак во завршницата Троколорите покажаа зошто во моментов се убедливо најдобрата ракометна светска велесила, па на крајот славеа победа со 30-23.
 
Кирол Лазаров со 9 гола беше најдобар стрелец на натпреватот, а Дејан Манасков и Гоце Георгиевски постигнаа по 5 односно 4 голови.
 
Во вториот меч од оваа група вечерва играат домаќинот Полска и Србија