Ракомет
27. January 2016 - 10:04

ЕП ракомет: Денеска се решаваат полуфиналистите

Последното 3-то коло од втората фаза по групи ќе решава кои четири селекции ќе се борат за медал на ЕП во ракомет во Полска. 
Норвешка, Франција и Полска од првата и Данска, Германија и Шпанија од втората група се во трка за првите две позиции кои носат пласман во полуфиналето.
 
Во двете групи ќе има и директни пресметки меѓу конкурентите, а со мала предност од еден бод во одност за другите се Норвашка и Данска, кои се водечки во своите групи.
 
Македонија на последниот свој меч на шампионатот ќе се обиде да ја оствари и првата победа и тоа во деулот против Белорусија
 
1 група – Краков 
16:00 Македонија - Белорусија
18:15 Франција - Норвешка
20:30 Полска – Хрватска 
 
Табела: Норвешка 7 бодови, Франција 6, Полска 6, Хрватска 4, Македонија 1, Белорусија 0.
 
 
2 група – Вроцлав 
16:00 Шведска - Унгарија
18:15 Германија - Данска
20:30 Шпанија – Русија
 
Табела: Данска 7 бодови, Германија 6, Шпанија 6, Русија 3, Шведска 2 и Унгарија 0.