Ракомет
25. January 2016 - 20:28

ЕП Полска 2016: Ново реми на Македонија

Нов нерешен резултат на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Полска. Попладнево во Краков Македонија одигра нерешено со Норвешка 31:31 (17:13). Нашите ракометари во најголемиот дел од натпреварот имаа водство, но сепак на крајот не стигнаа до триумф.

По водствот на Норвешка од 2:1, Македонија направи серија од 3:0 за прво водство од два гола. На нашето водство од 7:5 норвежаните вратија со серија од три гола за водство од 8:7. До последните пет минути од првиот дел двете селекции се менуваа во водството, а по 12:12 во Македонија имаше серија од 5-1 за водство на полувремето од 17:13.

По неколку минути игра во вториот дел во четири наврати имавме и пет голови разлика по што селекторот на Норвешка побара тајм аут и со серија од три гола намали на 27:25. Норвешка продолжи со сигурната игра, а нашите ракометри почесто грешеа и во неколку наварти играа со играч помалку и во 53.минута Норвешка изедначи на 28:28.

По 30:30 Македонија не успеа да реализира два напада со играч повеќе. По голот на Филип Миркуловски успеавме да изедначиме на 31:31 во претпоследната минута. Последниот напад Македонија не успеа да го реализира. Со овој резултат Норвешка ги задржа шансите за полуфиналето.

За изедначеноста на натпреварот и ривалите покажува и фактот што резултатот беше изедначен 14 пати.

Најефикасни кај Македонија беа Кирил Лазаров со 11 голови и Дејан Манасков со 5, додека кај Норвешка 6 постигна Кристијан Бјорнсен

Во дуел со еден противнички играч со повреда се здоби Филип Кузманови во 5.минута и до крајот на дуелот не влезе во игра.

Во вечерниот термин од 20:30 часот во „Таурон Арена“ во Краков играат домаќинот Полска и Белорусија.

Табела на група 1:  Норвешка 7 бодови, Франција 6, Хрватска 4, Полска 4, Македонија 1, Белорусија 0.