Ракомет
19. January 2016 - 10:39

ЕП Полска 2016: Македонија - Србија (1-0) на европските првенства

Со репрезентацијата на Србија денеска во Карков на ЕП во Полска ќе го одиграме петтиот меѓусебен дуел. Ова ќе биде втор натпревар на европските првенства, а Македонија има постигнато победа на единствениот дуел одигран во Белград пред четири години. Тогаш нашата селекција беше подобра со 22:19.

Претходно во Задар во рамките на Светското првенство во втората фаза загубивме со 32:28.
Првите два дуела двете селекции ги одиграа во квалификациите за ЕП 2008 година кога во Охрид беше нерешено 32:32, а во Ниш загубивме со 42:28.
Почетокот на дуелот е во 18:15 часот.