Ракомет
22. January 2016 - 13:44

ЕП Полска 2016: К.Лазаров: Сметам дека останавме должни и дека треба да го поправиме

Тешко беше да се биде на теренот вчера во Таурон Арена, но натпреварите кои се веќе одиграни треба да се заборавам што побрзо, на денешната средба со новинарите капитенот Кирил Лазаров изјави:

-   Сметам дека останавме должни и дека треба да го поправиме тоа. Репрезентацијата има квалитет за нешто поголемо. Не сакам да правам негативна пресија дека ни претстојат уште два натпревара со Норвешка и Белорусија против кои можеме да играме и нема да застане на патот по кој сме трганле. Битна е и психата и треба брзо да ја надминеме. Противникот беше квалитетен, но ние бевме слаби. Треба што побрзо да го пребродиме. Имаме уште два натпревара имаме обврска да ги добиеме и двата, а ќе дадеме се од себе тоа да го направиме.

 

Од Краков, Марјан Ников