Ракомет
20. January 2016 - 19:40

ЕП Полска 2016: Карачиќ: Со цело срце навивав за Македонија

По трите натпревари одиграни во групата Б во Катовице, Хрватската репрезентација од денеска е во Краков каде утре во првото коло од втората фаза ќе игра против Македонија.
Вардарецот Игор Карачиќ со Хравтска против Македонија, изјави:
- Имаме одлична атмосфера. Мислам дека ќе имавме четири бода. Добро е што со Исланд одигравме добро и се надевам од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри и тоа ќе продолжи и со Македонија. Тоа е моја Македонија, во оваа група (А) навивав за Македонија, а ги имавте Франција и Полска, но тоа е спортот. Со целото срце навивав за Македонија и ситници Ве одалечија од некој бод и подобар пласман.
Македонија не е веќе само еден играч Кирил Лазаров, тоа е одличен тим со Миркуловски, Прибак, и Стоилов мило ми е што се врати. Мораме да ги затвориме сите позиции и едвај го чекам дуелот со Македонија.
Натпреварот Македонија – Хрватска се игра утре во Краков со почеток во 20:30 часот.