Ракомет
25. January 2016 - 15:45

ЕП Полска 2016: Јоноски: Целата бековска линија е опасна

Централните играчи во одбраната на Македонија Ацо Јоноски и Велко Маркоски, попладнево ќе имаат уште еден тежок дуел со одличниот напад на Норвешка. 

-         Видовме дека Норвешка во напад одигра добро. Добра анализа е потребна. Целата бековска линија е опасна сите добро шутираат. Добро го искористивме одморот, а Норвешка играше тежок натпревар со Полска.
Покрај нив за да се стигне до победа и голманите ќе треба да имаат заедно двоцифрен број на одбрани, како што истакна селекторот Ивица Обрван.