Ракомет
27. January 2016 - 22:06

ЕП Полска 2016: „Хрватска револуција“ во Краков

Репрезентацијата на Хрватска го направи невозможното во Краков. За пласман во полуфиналето и беше потребна победа од 11 голови, но Хрватите покажаа ракометна зрелост, спортска дрскост и го декласираа домаќинот Полска со 37:23.

На полувреме беше 15:10, а потоа на почетокот на вториот дел направија серија од 8-0 и поведоа со 23:10. Во 47.минута ги имаа и највисоките +17 (30:13). Домаќинот со серија од 5-0 внесе малку неизвесност но откако Хрватите ја вратија силата повторно го зголемија водството.
Најефикасен беше Мануел Штрлек со 11 голови (11 обиди).
Натпреварот Полска - Хрватска во Краков го следеше и претседателот на Република Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ.
На последниот натпревар од групата 2 во Вроцлав Шпанија ја победи Русија со 25:23.