Свет
28. јуни 2016 - 14:51

ЕП побара што поскоро почнување на Брегзитот

Европскиот Парламент денеска ја повика Велика Британија што поскоро да го отпочне процесот за излез од Европската Унија, откако Британците на референдумот со мнозинство гласови ја поддржаа оваа опција, јави Танјуг.

„Волјата на граѓаните мора во целост да се почитува, почнувајќи со што побрзото активирање на член 50“, се наведува во резолуцијата што денеска ја усвоија пратениците на ЕП на вонредната седница.

За резолуцијата гласааа 395, против беа 200, додека 71 пратеник се воздржа од гласање, пренесоа француските меидуми.