Кошарка
11. September 2017 - 10:29

ЕП Кошарка: Двојки за 1/4 финалето

На 40. Европско првенство во кошаркарка познати се сите четврт-финални двојки. Натпреварите ќе се одиграат во вторник и в среда.
 
Четврт-финалната фаза на Европското првенство во кошарка ќе ја отворат Германија и актуелниот првак Шпанија. Натпреварот се игра во вторник, со почеток во 17:45 часот. Иститот ден, но во терминот од 20:30 часот ќе се сретнат Словенија и Латвија.
 
Ден подоцна, в среда, во терминот од 17:45 противници ќе бидат Грција и Русија, а потоа во последното четврт-финале, од 20:30 часот ќе играат Италија и Србија.
 
Завршницата на континенталниот шампионат се игра во „Синан Ерден Арена“ во Истанбул.