Ракомет
23. January 2018 - 9:01

ЕП Хрватска: Победи за Шведска и Франција

Убедливи победи на Франција и Шведска во првата група од втората фаза на ЕП во ракомет во Хрватска.

Франција славеше очекувано против Србија со 39-30 и веќе се пласира во полуфиналната фаза додека Шведска беше подобра со 29-20 во дуелот со Белорусија и за второто место во групата ќе се бори со Хрватска. 
Во последното коло Шведска игра со Норвешка додека Хрватска е противник на Франција.