Ракомет
19. January 2018 - 23:02

ЕП - Хрватска 2018: Стартни победи во групата 2 за Германија и Данска

Првите два натпревара од групата 2 во Вараждин завршија со победи на репрезентациите на Германија и на Данска. И двата дуела беа неизвесни и победникот беше решен во последните десет минути.

Германија ја победи Чешка, која имаше слаба реализиација во последниот период и триумфираше со 22:19.
Данска во поголемиот дел од дуелот водеше над Словенија, но отпорот беше скрешен во финишот и Данска победи со 31:28.
На чело на табелата сега со по 4 бодови се Данска и Германија, додека Македонија со натпревар помалку има 3 бодови. Шпанија е на четвртото место со 2, колку што има и Чешка, а Словенија е последна со 1 бод.
Во следното коло на 21.јануари ќе играат: Германија - Данска (почеток 18:15 часот) и Македонија - Шпанија (почеток 20:30 часот).