Ракомет
18. January 2018 - 20:34

ЕП – Хрватска 2018: Ристовски: Сега притисокот е поголем кај нас

Македонскиот голман Борко Ристовски, кој е дел од шпанската Барселона со свое видување за натпреварите во следната фаза.
- Оптимистички е за полуфинале. Но, нашите резултати го прават тоа. Игравме многу добро, со цврстина и борбеност и квалитет, тоа се работи за оптимизам. Да се надеваме на висок пласман, не сакам да кажам полуфинале. Ние сме репрезентација која се бори многу, не се осудувам ништо да ветам. Можам да кажам дека само ќе се бориме. Првото место ни дава многу време за одмор. Шпанија се бара себе си, со новиот селектор, како во одбрана така и во напад и тука е нашата шанса. Важно е сега да бидеме ментално стабилини дека притисокот е сега поголем.