Ракомет
24. January 2018 - 22:05

ЕП - Хрватска 2018: Ристовски: Ние ни во Србија на бевме толку блиску до полуфинале

Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски денешениот дуел со Данска го мина на клупата, но на претходните имаше солидни настапи и во оценката за шампионатот изјави:
-  Доста квалитетно Европско првенство одигравме. Генрелно задоволни сме од играта, но не толку и од резултатот. Тешко првенство беше, во првиот круг да имавме среќа ќе имавме 4 бодови. Ни фалеше од се по малку, тука во Вараждин, искуство, ротација, среќа. Ако ги тргнеме натпреварите со Данска и со Шпанија одигравме квалитетно првенство. Стручниот штаб треба да направи анализа. Ние никогаш, па ни во Србија 2012 не бевме поблиску до полуфинале. На секој дуел се чуствувавме моќни. За грешки барање секогаш е најлесно и пред се да се види зошто во клучните натпревари ни фалеше сила, среќа, ротација,... На сите натпревари одигравме борбено 100%.  Жално е што немавме подобар резултат и ако ја победевме Чешка ќе имавме далеку подобар пласман. Не лесно да се игра ЕП на кое секоја репрезентација може секого да победи.