Ракомет
15. January 2018 - 23:06

ЕП - Хрватска 2018: Раул: Кузмановски ги искористи своите минути

 

Селекторот на Македонија Раул Гонзалез за денешниот дуел со Црна Гора, во кој Македонија ја постигна втората победа и го обезбеди пласманот во следната фаза истакна:

- Имаме две победи ис ега сме среќни и задоволни. Утре ќе се подготвуваме за Германија. Знаевме дека и ова ќе биде тежок натпревари. Сите играчи на оваа репрезентација играат во силни лиги.
За настапот на Кузмановски, Раул изјави:
- Кузмановски има квалитет. Со Словенија игравме „тврдо“ и затоа не сакав промени. Не очекуваат многу натпревари и сите ќе играат, а Кузмановски ги искористи своите минути.