Ракомет
11. January 2018 - 8:50

ЕП - Хрватска 2018: Ракометната репрезентација на Македонија отпатува за Загреб

Ракометната репрезентација на Македонија утрово отпатува за Загреб, каде од утре почнува 13.то Европско првенство. Нашата репрезентација повеќе од 20-тина дена се подготвуваше за петтиот настап на европските првенства. 

Македонија се наоѓа во групата Ц заедно со селекциите на: Словенија, Црна Гора и европскиот првак Германија. Трите првопласирани селекции од групата ќе ги продолжат натпреварите следната фаза што ќе се игра во Вараждин.
Селекторот Раул Гонзалез за Загреб поведе 19 играчи, а на техничкиот состанок утре ќе се мора да реши со кои играчи ќе игра против Словенија на 13.јануари - сабота.