Ракомет
13. January 2018 - 17:01

ЕП - Хрватска 2018: Митков овојпат на трибините

Долгогодишниот репрезентативец на Македонија Влатко Митков ова Европско првенство ќе го следи од трибините заедно со големата армија македонски навивачи. Митков во јуни минатата година се прости од репрезентативениот дрес на натпреварот против Чешка. 

Неговото присуство во подтрибинскиот простор не остана не забележано од македонските фанови, па така Митков со задоволство се сликаше со големиот број навивачи.
Тој за репрезентацијата на Македонија на ЕП има одиграно 19 натпревари и постигнато 6 голови.