ЕП - Хрватска 2018: Миркуловски: Играме за тој чекор понатаму и ќе играме за тоа историско полуфинале
Во македонската ракометна репрезентација шест играчи имаат одиграно по 22 натпревара на Европските првенства, во таа група е и Филип Миркуловски, кој воедно има и постигнато 55 голови на сите досегашни дуели. За денешниот ривал Шпанија популарниот „Жути“ изјави:
- Шпанија е селекција од самиот врв, најнезгоден противник со кого ќе играме на ова ЕП бидејќи имаме сличен систем, слична игра ќе биде тежок дуел. Очекувам да биде израменто докрај како на претходните дуели, можеби ќе имаме предност поради навивачите. Шансите се 50-50, а доколку победиме со „една нога“ ќе бидеме во полуфинале. Трите дена беа добредојдени, одморивме и ги саниравме повредите, трениравме го анализиравме противникот и треба да ја дадеме најдобрата партија за да победиме. Имаме сили, иако се потрошивме во првиот круг. Играме за тој чекор понатаму и ќе играме за тоа историско полуфинале и со помош на навивачите да го постигнеме тоа полуфинале, изјави Миркуловски.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак