-->
-->
ЕП - Хрватска 2018: Македонија против должникот Словенија
-->
Македонската ракометна репрезентација на стартот на 13.то Европско првенство вечерва во Загреб за ривал ја има селекцијата на Словенија. Тоа е репрезентација која на последните две СП постигна победи над Македонија, во Катар загубивме во осминафинале, додека во Мец поразот беше во групната фаза.
Во меѓусебните дуели скорот е 4-1 за Словенија притоа Македонија единствената победа ја постигна на ЕП 2012 во Белград кога победи во натпреварот за 5.место 28:27.
Вчера селекторот Раул Гонзалез го скрати списокот од 19-те играчи отпаднаа: Златко Даскаловски, Гоце Ојлески и Велко Маркоски.
Двете селекции на овој шампионат ќе имаат помош и од трибините се очекува околу 2.000 македонски навивали и околу 5.000 кои ќе доаптуваат од Словенија.
Денешниот противник Словенија на ова првенство ќе настапи ослабен поради неколкуте повредени играчи пред се Јуре Доленец.
Во групата покрај Македонија и Словенија се уште и селекциите на европскиот првак Германија и Црна Гора.
Во нашата селекција улога дебитант ја има селекторот Раул, додека од играчите прво Европско првенство ќе има голманот Митревски, додека прво големо натпреварување ќе биде за Мартин Велковски.
Денеска 20-тиот натпревар на ЕП ќе го играат шест играчи: К.Лазаров, Миркуловски, С.Стоилов, Ристовски, Манасков и Јоновски.
Почетокот на дуелот Македонија - Словенија е во 19:30 часот, а од 17:15 часот е дуелот Германија - Црна Гора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори