Ракомет
19. January 2018 - 23:07

ЕП - Хрватска 2018: К.Лазаров - анализа за Шпанија, како и за другите ривали

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров свесен за важноста на првиот дуел од групата против Шпанија на денешениот тренинг истакна:
 
- Како што ги анализиравме сите противници, ја анализиравме и Шпанија. Едно знаеме сигурно нема да биде лесно.  Наша предност е тоа што имавме три дена одмор, да ја вратиме свежината и да се регенерираме. Очекувам помошта од трибините да биде присутна. Ова е помала сала и ќе имаме поголема поддршка.