Ракомет
11. January 2018 - 9:13

ЕП - Хрватска 2018: Голманот на Црна Гора Симиќ повреден и го пропушта ЕП

Уште еден од противниците на Македонија - селекцијата на Црна Гора се соочи со нов проблем. Им еден од последните тренинзи се повредил првиот голман Небојша Симиќ. Веста ја објавил порталот g-sport.mk. 
Имено Симиќ го скинал мускулот, а повредата се случила пред тренингот додека играле кошарка.
Симиќ е голман на бундеслигашот Мелсунген. Во конкуренција за голманската позиција кај Црна Гора остануваат Мијушковиќ и Мијатовиќ истотака одлични голмани.
Ова е втор сериозен удар за селекторот на Црна Гора Драган Ѓукиќ, кој поради повреда (сообраќајна несреќа) не може да смета и на играчот на Вардар Вуко Борозан.
Натпреварот од групата Ц меѓу Македонија и Црна Гора се игра на 15.јануари (понеделник).