Ракомет
17. January 2018 - 20:24

ЕП - Хрватска 2018: Чешка во вараждинската група против Македонија

Селекцијата на Чешка обезбеди пласман во главната фаза на Европскиот ракометен шампионат што се одржува во Хрватска. 
 
Во меч одигран вечерва во Вараждин,  а во рамките од последното 3.коло на Д групата ракометарите на Чешка ја победи Унгарија со 33-27 со што го осигура своето учество во следната рунда. 
 
Чешка заедно со Шпанија и Данска ќе бидат и противници на македонските ракометари во групата 2 во Варадждин. 
 
Единствена непозната е со колку бодови во втората фаза ќе стартуваат Шпанија и Данска кои вечерва играат меѓусебно во последниот меч од првата фаза на првенството. 
 
Таму Македонија ќе пренесе три бода, Чешка 2, а по два најмалку ќе имаат и Шпанија и Данска. 
 
Германија ќе го чека исходот од дуело меѓу Словенија и Црна Гора кој решава за последниот патник, но и за тоа колку бодови Германците, односно Словенците или Црногорците ќе однесат во втората фаза.