-->
-->
ЕП – Хрватска 2018: Чешка ривал на Македонија на 200-тиот официјален натпревар
-->
Вечерва во Вараждин македонската ракометна репрезентација го игра јубилејниот 200-ти натпревар, ова воедно ќе биде 30.ти натпревар на Македонија на Европските првенства. Досега Македонија има 7 победи, 6 нерешени и 16 порази.
Селекцијата на Чешка е еден од ривалите против која имаме одиграно најмногу натпревари – 13. Повеќе дуели Македонија има играно само против Исланд 15, а тринаесет натпревари имаме играно и против Унгарија.
Билансот против Чешка е 5 победи – 3 нерешени – 5 порази.
1 27.09.95 ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА 33:16 Чеб
2 30.09.95 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 27:27 Ресен
3 04.06.98 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 38:18 Болцано
4 18.01.06 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 36:31 Скопје
5 21.01.06 ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА 43:25 Плзен
6 19.01.12 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 27:21 Ниш
7 14.01.14 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 24:24 Хернинг
8 02.11.14 ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА 27:27 Злин
9 14.06.15 МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА 32:28 Скопје
10 11.06.16 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 28:22 Злин
11 15.06.16 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 34:27 Скопје
12 05.11.16 ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА 35:28 Плзен
13 18.06.17 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 33:20 Скопје
На Европските првенства билансот е ист како и на вкупниот број меѓусебни натпревари 3 дуели (1-1-1). Македонија највисокиот пораз го има претрпено токму од Чешка на ЕП 1998 година (18:38), додека и највисоката победа на ЕП е постигната во Ниш 2012 (27:21).
Еден од селекторите на Чешка, Јан Филип со 10 голови во Болцано е најдобар стрелец на Чешка на еден натпревар на европско првенство (против Македонија), додека Кирил Лазаров во Хернинг постигна 12 од 24-те гола на Македонија во нерешениот резултат.
И традицијата на денешен ден е на наша страна на петте одиграни натпревари имаме три победи и два нерешени дуела.
2000 година Југославија 31:24
2005 година БиХ 28:28
2012 година Полска 27:25
2015 година Австрија 36:31
2016 година Норвешка 31:31
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана