Фудбал
11. February 2018 - 10:40

ЕП Футсал:Прво злато за Португалија

https://

Репрезентацијата на Португалија е нов европски првак во футсал откако во драматичното финале на ЕП во Словенија ја совлада Шпанија со 3-2 и тоа дури во продолжението.
Во регуларниот дел средбата заврши 1-1.
Ова е прва европска титула за Португалците.
Во борбата за бронзениот медал Русија го совлада Казахстан со 1-0.