Ракомет
23. January 2018 - 20:13

ЕП: Фалангата се екипира во Вараждин, поддршката им е повеќе од потребна на „воините“

Македонската ракометна репрезентација ќе добие уште поголема поддршка од „црвено жолтата“ фаланга на вечерашниот меч со Чешка кој „воините“ на Раул Гонзалес мора да го добијат за исполнување на сонот односно пласман помеѓу најдобрите четири во Европа - јавува Охрид њуз.

Во Вараждин пристигнаа навивачи од цела Македонија, а хрватите се покажаа добри домаќините и обезбедија одлични услови за сите кои се тука да ја бодрат Македонија.