Ракомет
21. March 2018 - 10:48

ЕП 2020: Македонија меѓу носителите на ждрепката

На 12. април во Трондхајм, Норвешка е закажано извлекувањето на квалификациските групи за ЕП 2020г кое ќе се одржи во три земји. Големо признание за ракометната репрезентација на Македонија која ќе биде извлечена од првиот шешир, шеширот на носителите.  Европското првенство во 2020 година што ќе се одржи во Норвешка, Шведска и Австрија.

ЕУРО 2020 ќе биде историско, бидејќи прв пат на континенталните собири ќе учествуваат 24 репрезентации.

Ова значи дека во квалификациите „црвено-жолтите“ ќе избегнат Франција, Хрватска, Данска, Gерманија, Словенија, Белорусија и Унгарија.