Фудбал
21. јуни 2016 - 14:02

ЕП 2016: Хрватските фанови најавија нов прекин!!!

Навивачите на Хрватска кои се на лице место во Франција каде го следат ЕП најавија дека за вечерва кога се игра дербито Хрватска-Шпанија подготвуваат нов прекин...

Како што пренесуваат хрватските портали, во Сплит се појавиле плакати против раководството на ФС на Хрватска на кои се најавуваат нови инциденти. „Да го ослободиме хрватскиот фудбал од хулиганите кои седат во ложата , за да не ви бидат утре во вашата кожа“ и “ХНС ти се ближи крајот, победата на навивачите е на прагот“ се само некои од транспарентите кои осамнаа во Далмација. 

УЕФА веќе го казни ХНС со 100 илјади евра за фрлањето на пиротехника на средбата со Чешка.