Бизнис
16. May 2017 - 19:42

Енергетските компании доставија пресметки, ќе поскапува ли електричната енергија?

Енергетските комапнии ги доставија  пресметките  за направените трошоци изминатата година.  Од ЕВН прикажале  зголемени  трошоци, што значи дека ќе бараат корекција на цената на струјата нагоре. Од државанта компанија ЕЛЕМ велат дека  не бараат зголемување на цената на  електричната енергија.  За нив  прифатливо е  таа  да остане  непроменета. Интервениот  увоз кој го направија во зимскиот период поради  зголемената потрошувачка,  ќе го покријат со  продажба  на вишоците на  странските берзи кога цената е повисока

Од  МЕПСО пак велат дека за нив законскиот рок истекува крајот на мај. Тогаш ќе ги достават прсметките, не не откриваат какви трошоци ќе прикажат.  Регулаторната Комисија  крајот на јули ќе одлучува дали од август ќе има промена на цената. Енергетските кругови брифираат дека  цената на потрошениот киловат со одложената либерализација  за домаќинставата до сега го покриваа индустриските капацитети.. Логично според нив  е постепено да има корекција нагоре, за да не се случи ценовен шок  за 2 години, кога либерализацијата треба да стапи на сила.   Во моментов граѓаните плаќаат 5,6  денари за киловат потрошена електрична енергија. во скапа тарифа и 2,8 во евтина . цената која е меѓу најниските во Европа. Лани цената незначително поевтини за 0,25%.