Бизнис
24. October 2016 - 16:27

Енергетската ефиканост се уште не е приоритет за многу домашни фирми

Енергетската ефиканост сеуште не е приоритет за многу домашни фирми. Мерките за заштеда на енергија се скапи.

Се исплатат на долг рок, но малку компаниите  се подготвени да вложат во тоа, сметаат експертите.

Функционираат во мала економија и најчесто заработката ја  инвестираат во други работи.

Енергетската ефикасност е ставена на чекање. Некои од нив не се ни доволно информирани за тоа колку би заштедиле со правилно користење на енергијата.

Експертите сметаат, ако државата енергетската ефикасност ја наметне како обврска, во тој случај компаниите ќе водат повеќе сметка за потрошената енергија.

Анализите покажале дека компаниите кои се обидуваат да бидат енергетски ефикасни, на годишно ниво успеале да ги намалат трошоците за енергија од 2 до 5 отсто.

Ако се поодговорни, заштедите би достигнале и до 30 проценти, а производите би биле поконкурентни.