Бизнис
1. јуни 2017 - 20:59

Енергетичарите сметаат дека струјата не треба да поскапи

Струјата не треба да поскапи, сметаат дел од енергетичарите. Главниот учесник во креирањето на цената е производството.

- И покрај зголемената потрошувака во зимскиот период поради екстремно ниските температури, и  увозот на струја, државните електрани посочија дека нема да бараат од регулаторната комисија за енерегтика зголемување на цената.

Според екпертите ако ЕЛЕМ не бара зголемување, тогаш и МЕПСО и ЕВН не треба да бараа. Сепак крајниот збор го има регулаторот.

- Сметам дека не треба да се дозволи поскапување на цената на струјата. Некои поголеми инвестиции не се направени. ЕЛЕМ веќе кажа дека нема да бара поскапување, а државните електриани имаат најголем удел во креирање на цената. Во тој случај сметат дека ниту евн ниту мепсо не треба да бараат поскапа струја, рече Костантин Димитров- МААЦЕФ

Димитров потенцира дека дел од големите индустриски капацитети работат со половина капацитет. Но нивната потрошувачка не влјае на цената на домаќинствата. Тие се веќе излезени на отворен пазар.

Мепсо вчера  ги достави пресметките за направените трошоци до регулаторната комисија за енерегтика. Претходно тоа го направија и  ЕВН И ЕЛЕМ. Сега се чека регулаторна да донесе одлука дали има основ електричната енергија да поскапи.

Корекцијата ќе биде направена на крајот на јули. Новата цена ќе важи од први август.

Во моментов домаќинствата плаќаат 5,6 денари за киловат час потрошена енергија, и тоа во скапа тарифа и 2,8 во евтина.

Новата влада најави дека во следниот период ќе ја врати дневната  евтината тарифа.

Последен пат цената на струјата поевтини лани за незначителни 0,25 отсто.