Џет-Сет
22. December 2015 - 11:15

Емина Јаховиќ во конфликт со својот сопруг

Популарната пејачка со јавноста ги сподели своите семејни проблеми.
 
Емина Јаховиќ живее со Истанбул, каде моментално ја реновира својата куќа. Домот на пејачката е полн со мајстори, бидејќи решила да го промени ентериерот.
 
И додека Емина „руши ѕидови“, тие работи не му се допаѓаат Мустафа.
 
- Сопругот и јас моментално имаме голем проблем, поради моите идеи за реновирање на домот. Караницата започна заради декорацијата, која повторно ја срушив. Морав да го сменам ентериерот, бидејќи не ми се допаѓаше, а Мустафа мисли дека тоа не е потребно. Сепак јас мислам поинаку и така направив, - изјавила пејачката за спрски Ало.