Свет
22. November 2017 - 14:12

Еменрсон Мнангагва во петок ќе положи заклетва како претседател на Зимбабве

Поранешниот потпретседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва в петок ќе положи заклетва како шеф на државата по оставката на Роберт Мугабе, соопшти денеска спикерот на Парламентот, Џејкоб Муденда.

Тој додаде дека владејачката партија Африканска национална унија на Зимбабве - Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) го известила дека го номинирала Мнангагва за претседател.

Се очекува Мнангагва денеска да стигне во воената база во Хараре, а на улиците на главниот град веќе се собираат граѓани кои чекаат да го поздрават.

Мугабе вчера поднесе оставка после 37 години на власт.