Фудбал
24. јуни 2017 - 13:48

Елмас: Ова е големо искуство за мене

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година денеска се врати од настапот на Европското првенство во Полска, каде одигра еден нерешен натпревар со Србија (2:2) и доживеа два пораза Шпанија (0:5) и Португалија (2:4). Синоќа нашите играчи загубија од Португалија, но општ е впечатокот дека нашата репрезентација одигра добри три натпревари на шампионатот и се претстави во добро издание.
- Мислам дека одигравме добро и борбено пред се на сите натпревари и со сите ривали од групата Шпанија, Португалија и Србија. Мислам дека оставивме добар впечаток за прв настап на Европско првенство. Ова е големо искуство за мене пред се со 17 години. Се надевам дека ќе настап и на уште некое Европско првенство со следната генерација или со таа по неа. Воедно може и со некоја друга генерација да го надминеме овој резултат што го постигнавме сега, изјави еден од најмладите во селекцијата Елиф Елмас.
Иако е ќе биде еден од најмалдите и во новиот циклус квалификации за репрезентации до 21 година Елмас се очекува да биде носител на играта на нашата репрезентација.