Македонија
8. November 2016 - 20:34

Елизабета Канческа-Милевска ја посети кинотеката на Македонија: Трезор со повеќе од 15.000 филмски наслови

Целосно е завршена  санацијата на кровната конструкција на Кинотеката , за што беа издвоени 1.278.000 денари од буџетот на Министерството за култура. Во декември ќе биде распишан тендер за реализација на проектот за  реконструкција на внатрешниот простор  и  реконципирање на постојаната музејска поставка- потенцира  министерката за култура.

Во тек е дигиталната реставрација  на 6-те играни филмови на доајенот на македонската кинематографија режисерот Бранко Гапо-истакна директорот  Бошко Грујоски.

Планирано е реконструкцијата на музејската поставка да биде завршена кон крајот на 2017 година.